Претседателот на Франција повикува на „продолжување на демократските иновации“ во Европа, особено во однос на „ изборните правила, за назначување наши претставници, правилата за контрола, правата на иницијатива во Европскиот парламент“, јави дописникот на МИА.
-Не треба да се плашиме од авангардите, тие секогаш биле плодни за европскиот проект, рече тој.
Макрон жали што шефовите на држави не успеваат, на пример, да се соберат само како претставници на еврозоната.
-Ние сме единствениот синдикат на косопственост на кој му е забрането да се состанува како повереник на косопственост, секогаш мора да ја поканувате целата улица, илустрираше тој.
Мора да се признае, вели тој дека не промовира „Европа со повеќе брзини“, но го брани принципот на „диференцијација отворена за сите и верна на историјата и амбициите на основачите“ на Европа.
-Кризите не треба да не оттргнуваат од нашата агенда, подвлече Макрон, потсетувајќи дека „агендата“ на Унијата особено вклучува: Заштита на климата, здравјето и квалитетот на храната; поправедна, поинклузивна Европа; Европа на еднаквост меѓу жените и мажите; Европа опремена со средства за одбрана, обединета Европа, одбрана на нејзините вредности и владеење на правото“.
Претседателот, исто така, инсистираше на „независноста и ефикасноста“ на Европската унија:
-Пандемијата, војната ни ја покажаа нашата ранливост и ризикот да не реагираме доволно брзо и силно на овие влошени зависности.
Тие според него вклучуваат „уште посилно инвестирање“ во одбраната, подготовка за „нови форми на конфликт“ и одбрана на „источното крило“ на Унијата.
-Војната се врати на европско тло, нагласи уште на почетокот од својот гвор во Стразбур. Емануел Макрон веднаш ја евоцираше војната во Украина, поздравувајќи го „украинскиот народ кој се бори за слобода“.
Откако му аплаудираше на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, францускиот претседател се врати на целите на оваа војна на европска страна: „Мобилизиравме како никогаш досега значајни воени, финансиски и хуманитарни ресурси и мораме да ги зголемиме нашите напори за спроведување на во место е ефикасен одговор за безбедноста на храната и ќе продолжиме да правиме правдата да зборува. Тој, исто така, изрази жалење за „неискажливите злосторства извршени од Русија во Украина“. Но, „ние не сме во војна со Русија“, инсистираше тој.
Претседателот потоа се врати на својот реизбор, за време на неговиот прв голем говор по вториот круг на претседателските избори.
-Франција уште еднаш направи јасен избор за Европа давајќи ми нов мандат да работам со сите вас за изградба на посилна и посуверена Европа, рече тој.
Извор: МИА