Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на денот кога Европа го слави Денот на победата над нацизмот, објави црно-бело видео снимено во разурнатиот Бородјанка, град во близина на Киев, кој беше целосно уништен во руската инвазија.
Во драматичното видео, Зеленски повлекува паралели меѓу борбата на Украина против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во Втората светска војна и вели: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ кажете на Украина“.