Македонските кошаркарски кадети загубија од Естонија

Од:

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенство  – Б дивизија што се одржува во Сараево.

Нашите кадети загубија од Естонија со 68:65 (25-5,10-18,17-24, 16-18).

По катастрофалната прва четвртина кога нашите постигнаа само пет поени, немаа сили да ја анулираат предноста на противникот.

Најефикасен на натпреварот беше Роберт Валге од Естонија со 29 поени, додека Ненад Димитријевиќ за Македонија постигна 27.

Овој пораз значи дека Македонија мора утре да ја победи Финска за да биде сигурна на едно од првите две места во групата, доколку загуби и од Финска тогаш ќе очекува триумф на Бугарија над Естонија.

Денеска во првиот натпревар од А групата Финска ја победи Норвешка 71:36.
Вечерва играат Бугарија – Португалија.

Финска е прва со скор 4-0 (победи – порази), Македонија има 3-1, Естонија 2-2, Бугарија 1-2, Португалија 1-2, Норвешка 0-4.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ