Северна Кореја истрела неидентификуван проектил

Од:

Северна Кореја денеска истрела неидентификуван проектил во водите во близина на нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на вооружените сили на Јужна Кореја.

Лансирањето се случи само три дена откако Пјонгјанг последен пат истрела ракета, во услови на зголемени предупредувања дека може да изврши нуклеарна проба.

– Северна Кореја истрела најмалку една граната во Источното Море, изјави началник на Здружениот генералштаб на јужнокорејските вооружени сили во Сеул, мислејќи на Јапонското Море.

Јапонската крајбрежна стража, повикувајќи се на информации од своето Министерство за одбрана, соопшти дека Северна Кореја истрелала „веројатно балистичка ракета“ и ги предупреди своите бродови.

И покрај строгите меѓународни санкции за нејзините програми за оружје, Северна Кореја драматично ги зајакна ракетните тестирања оваа година, игнорирајќи ги предлозите на САД за преговори.

Најновото тестирање доаѓа само неколку дена пред инаугурацијата на новиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, во вторник.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка