Зеленски во недела ќе разговара со лидерите на Г7

Од:

Лидерите на Г7, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, во недела ќе одржат видео-повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да изразат единство пред руското одбележување на Денот на победата, соопшти денеска Белата куќа.

Разговорите ќе се фокусираат на најновите случувања во руската инвазија на Украина, напорите да и се помогне на Украина и начините да се покаже „континуирано единство на Г7 во нашиот колективен одговор, вклучително и наметнување големи трошоци за војната на Путин“, најави во понеделникот портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Лидерите на земјите од Г7 (САД, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија) во недела ќе одржат виртуелен состанок со Зеленски, додаде портпаролот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ