Две лица се водат како исчезнати по експлозијата во четирикатница во центарот на Мадрид.
Експлозијата се случила во стан на последниот кат од зградата.
Локалната служба за итни случаи на Твитер соопшти дека 17 лица се повредени од стакло и градежни материјали кои се распрснале во експлозијата.
Еден од повредените е во животно загрозувачка состојба откако паднал во дворот на зградата.
Станбениот блокот во елитната населба Саламанка е многу оштетен, а станот на последниот кат е речиси целосно уништен. Оштетени се и многу паркирани автомобили.
Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида претходно изјави дека причината за експлозијата сè уште не е позната.
– Во зградата се изведувале некои работи при што дошло до експлозија, изјави тој.
Извор: МИА