Повторно отворање на амбасадите на САД на Блискиот Исток

Од:

Поголемиот број американски дипломатски мисии на Блискиот Исток и во северна Африка денеска се повторно отворени, по еднонеделното затворање по опасноста од терористички напади.

Повеќе од 20 амбасади и конзулати на САД беа затворени на 4 август поради оперативни инфорамции на безбедносните служби дека Ал Каеда планира да изврши напад врз американски и западни објекти во регионот.

Отворена е Амбасадата во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи, како и Амбасадата во Либија, додека дипломатските претставништва во Ријад и во Џеда, Саудиска Арабија и понатаму се затворени. Тие ќе бидат отворени на 14 август.

За утре е предвидено отворање на амбасадите во Кувајт и во Бахреин, додека затворена ќе остане само Амбасадата во Јемен.

Американските разузнавачки служби тврдат дека пресретнале комуникација меѓу првиот човек на Ал Каеда, Ајман ал Завахири и другите лидери на терористичката мрежа, при што е заклучено дека се подготвува голем напад.

Во септември минатата година исламистички екстремисти го нападнаа Конзулатот на САД во Бенгази, при што загинаа четири лица, меѓу кои и амбасадорот Крис Стивенс.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро