Џорџ Клуни е режисер, сценарист и продуцент, а има и една од главните улоги во филмот „The Monuments Men“, за најголемиот лов на богатство од поновата историја.
Филмот е за специјалниот одред формиран со цел да ги спаси уметничките дела од нацистите и да им ги врати на сопствениците.
„The Monuments Men“ е заснован на роман од Роберт М. Едсел, а во кината ќе почне да се прикажува на почетокот од 2014 година.
Филмот е инспириран од вистинска приказна за невозможната мисија на седум директори на музеи, историчари на уметноста и кустоси. Уметничките дела се заробени зад непријателските линии, а нацистите се одлучни да уништат се што им е на пат бидејќи пропаѓа рајхот.
Актери во филмот се Мет Дајмон, Бил Мареј, Џон Гудман, Жан Дижарден, Боб Балабан, Хју Боневил и Кејт Бланшет.