Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок наскоро ќе ја посети Украина, откако двете земји ги подобрија дипломатските односи, што беа заладени откако Киев одби да го угости германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесе ДПА.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и германскиот претседател претходно денеска имаа корисни разговори, изјави Шолц на прес-конференција, пренесе ДПА.
Шефот на германската држава планираше да ја посети украинската престолнина кон средината на април, но Киев одби да го пречека поради неговата претходна поддршка за соработка со Русија.
Одбивањето на Киев предизвика скандал во Германија и го натера Шолц да ја откаже посетата на Украина пред германскиот претседател да го стори тоа.
Извор: МИА