Силна експлозија во хемиска фабрика во Австрија, едно лице загина

Од:

Едно лице загина, а две се повредени во експлозија на гас што попладнево се случи во Кремс, Австрија.

Експлозијата се случила нешто по 13 часот и 30 минути во хемиска компанија во Кремс. Во тоа време се одвивале работи за реновирање на зградата.

Според командантот на окружната противпожарна бригада Мартин Бојер, две лица биле во зградата кога се случил инцидентот.

Во моментов на терен се околу 60 пожарникари, а причината за експлозијата се уште не е позната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија