Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите

Од:

Во неодамнешниот извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите, Грција беше рангирана на 108 место, со пад од 38 позиции во споредба со лани, а портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментира дека во конкретниот извештај не се запазени двата принципи на научност и сериозност и преку писмо до Репортери без граници бара одговори, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому, на Фејсбук го објави испратеното писмо, вели дека квалитетот на еден извештај се оценува и според методологијата на истражувањето и документацијата на заклучоците.

-Тврдењето дека во земји како Буркина Фасо, Чад, каде што патем владее армијата, но и окупираната територија, која невладината Репортер без граници ја нарекува „Северен Кипар“, иако меѓународно не е призната, има, според нивниот извештај, поголема слобода на медиумите од Грција, освен што нема никаква сериозност, поставува разумни прашања за методологијата и изворите на авторите, пишува Иконому.

Додава дека „индексот, кој нема солидна научна основа и соодветни коментари, ја искривува сликата за земјата“ и затоа, преку писмо испратено вчера, бара во разумен рок да добијат целосен одговор на неколку прашања.

Портпаролот на грчката Влада од Репортери без граници бара „јасно и поткрепено уверување дека списокот на „експертите за слободата на медиумите“ кои учествуваа во одговорот на прашалниците за Грција, не вклучува лица кои се под истрага на грчката правда“; ја бара „точната методологија што се применува, особено за мерливите и објективни показатели, за класификацијата на земјата и начинот на пресметување на бодовите“; ги бара критериумите што се користат за рангирање на земјите, како и податоците за Грција од 2015 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната