Ирачкиот премиер Нури ал Малики издаде наредба за преземање на воени операции против „терористичките групи“ на подрачјето во близина на границата со Сирија, јави Анадолија.
Како што пренесува МИА, Малики издал наредба до оперативните единици Ал-Анбар, Ал Џезера и Мосул да почнат големи операци против „терористичките групи“ кои се стационирани во пограничниот регион Ал Џезера.