Јалон: Гласините нема да го нарушат договорот со Египет

Од:

Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон изави дека неговата држава нема да дозволи гласини и спекулации да го нарушат мировниот договор со Египет.

Изјавата е дадена како обид да се намали значењето на извештајот дека израелско беспилотно летало во петокот убило екстремисти на египетски Синај додека се обидувале да испукаат проектили врз излраелска територија.

Јалон не негираше директно дека Израел го извршил нападот. Египетски официјални лица изјавија дека израелско беспилотно летало извршило напад, а потоа државните медиуми јавија дека нападот е извршен од хеликоптер.

Јалон додаде дека Израел ги почитува акциите што Египет ги презема против екстремистите во викендот. Двете држави потпишаа во 1979 година мировен договор, прв на еврејската држава со арапски сосед.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел силно го напаѓа Бејрут „Ова е најтешко досега“

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ