ФЕДИОЛ: Во Европа има доволно сончогледово масло

Од:

Пазарот на сончогледово масло во ЕУ е стабилизиран во последните недели бидејќи производителите се приспособија на намалените залихи од Украина, а некои пратки сè уште пристигнуваат со железница и камиони, соопшти денеска Европската асоцијација на производители ФЕДИОЛ.

Украина е најголемиот снабдувач на сончогледово масло во ЕУ, но Европејците почнаа да акумулираат залихи поради руската инвазија, што доведе до недостиг низ синџирот на снабдување и зголемување на цените.

Меѓутоа, во исто време, пратки со семки од сончоглед и сончогледово масло почнаа да пристигнуваат од Украина, главно со железница и камиони, се вели во извештајот.

„Волуменот нема да ги достигне пратките кои пред почетокот на војната беа испраќани со бродови, но ја подобрува состојбата на пазарот и им помага на фабриките да ја задоволат побарувачката за сончогледово масло во ЕУ“, се вели во извештајот.

Официјалните бројки на ЕУ објавени во вторникот покажуваат дека помеѓу 27 февруари и 1 мај, 260.000 тони сончогледово масло биле увезени од Украина. Обично се увезуваат околу 200.000 тони месечно, соопшти ФЕДИОЛ на почетокот на март.

Подобрената понуда ги намали цените, а маслото од репка повеќе не се користи како замена, објаснуваат од здружението.

Оттаму напоменуваат дека „флашираното сончогледово масло денес е достапно во ЕУ поради што причината за празните полици во некои супермаркети треба да се бара на друго место“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он