Украина тврди дека Русија одзела 400.000 тони жито

Од:

Украина соопшти дека руските власти украле 400.000 тони жито од окупираната украинска територија, соопшти синоќа во Киев заменикот-министер за земјоделство Тарас Висоцки.

Во изјава за украинска телевизија, како што пренесува ДПА, Висоцки рече дека одземеното жито претставува околу една третина од залихите на жито во регионите Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск.

– Пред војната, таму се складираа околу 1,3 милиони тони жито за секојдневно снабдување, но и за садење.

-Немаше стратешки резерви, рече тој. Доколку залихите на жито се намалат, тие области се соочуваат со ризик од глад, предупреди Висоцки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица