Шпанскиот небодер што требаше да биде гордост на државата и симбол на растот на пазарот на недвижности, се претвори во низа од грешки, објави Корире села сера.
Зградата се наоѓа во Бенидорм кој се смета за средоземноморски Њујорк и е во близина на Аликанте. Првите проблеми со проектот почнаа во 2009 година кога банкротира градежниот претприемач.
Во јули 2011 година падна товарен лифт со 13 работници во него, но за среќа тие беа само повредени.
Амбулантните возила не успеаја да стигнат навреме бидејќи градежната фирма не обезбедила пат за пристап до небодерот.
Истата година градежните работници почнаа штрајк заради неиплатени плати.
Во јануари зградата има веќе 47 катови иако првичниот план беше 20 ката. За жал архитектите заборавија во проектот да впишат лифтови за новите 27 катови.
Сега и архитектонското ателје Перес Гуера и Олчина и Радуан се повлекоа од проектот и тој е незавршен.
Новиот датум за крај на изградбата е декември 2013 година откако зградата требаше да се изгради пред 4 години.
Триесет и пет отсто од вкупно 269-те станови во зградата се веќе продадени. Кога ќе биде готова, ќе биде највисоката станбена зграда во Европа.