Македонските кошаркарски кадети ја остварија и третата победа на Европското првенство – Б дивизија во Сараево. Тие синоќа со одлична игра во третата четвртина го скршија отпорот на Португалците и славеа победа со 79:59.
Со оваа победа Македонија е поблиску до пласман во четвртфиналната група.
Најпрецизни во нашиот тим беа Дејан Србиновски со 21 поен и Оливер Двојаковски со 18.
Македонија денеска од 17 часот и 30 минути ќе игра со Естонија, а покрај овој дуел играат уште: Норвешка – Финска и Португалија – Бугарија.
Табела: Македонија 3-0 (победи-порази), Финска 3-0, Естонија 1-2, Португалија 1-2, Бугарија 1-2, Норвешка 0-3.