Ѓоковиќ: Рафа одигра подобро

Од:

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ по поразот од Рафаел Надал во полуфиналето во Монтреал, рече дека неколку поени биле клучни за мечот, во кој Шпанецот славеше со резултат 6:4, 3:6, 7:6.

„Ова беше многу неизвесен меч. Мислам дека неколку поени го одлучија победникот, но не можам да кажам точно кои“, рече Новак.

Српскиот тенисер истакна дека мечот бил одличен, но и дека имал шански кои не ги искористил.

„Имав шанси исто како и Рафа. Но, мислам дека едноставно на крајот тој беше подобар. Секој наш меч е возбудлив за гледачите. И двајцата играме на високо ниво и двајцата посакуваме победа во вакви мечеви. Сега тој успеа во намерата“, изјави Ѓоковиќ. 

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ