Во Лазарат килограм канабис се откупува за 350 евра, во Италија истиот вреди 5.000 евра

Од:

Килограм канабис сатива, купен на големо, во албанското село Лазарат, познато по производство на ова наркотично растение, може се купи по просечна цена од 350 евра, јави дописникот на МИА од Тирана.

Лицата кои ја „извезуваат“ оваа дрога од селото додаваат дополнителна такса по што на нарко шверцерите им ја продаваат по околу 500 евра. Потоа, големи групи, кои располагаат со мотрони чамци и камиони, ја шверцуваат дрогата, главно по морски пат во Грција и во Италија и истата таму ја продаваат по цена од околу 800 евра за килограм.

Италијанските групи ја преработуваат, по што за многу повисока цена ја продаваат. Во просек марихуната во западните земји на мало се продава по цена од околу пет евра за грам, што значи 5.000 евра за килограм.

Деновиве Стефано Бастони, директор на италијанската полициска авијација во Тирана изјави дека во Лазарат, кое го носи епитетот фабрика за марихуана, годишно се произведуваат 900 тони марихуна, главно холандски сорти, од чија продажба заработката изнесува 4,5 милијарди евра.

Според него најпроблематични подрачја каде наголемо се одгледува марихуана, се околината на Валона, на Скадар, на Ѓирокастро, на Тирана и на Драч.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“