ВИДЕО: Британскиот пратеник кој гледаше порнографија на седница си поднесе оставка

Од:

Нил Периш британскиот пратеник од конзервативците рече дека си поднесува оставка откако призна дека „во моменти на лудило“ двапати гледал поронгрфија на мобилен телефон во Долниот дом на Парламентот.

Во интервју за Би-би-си Периш вели дека првиот пат бил случаен, но вториот пат бил намерен.

Конзервативната партија го суспендираше во петокот поради обвинувањата.

Двајца колеги тврдеа дека го виделе како гледа содржина за возрасни на својот телефон додека седел во нивна близина.

Тој објаснуваше дека првпат случајно наишол на експлицитни снимки, барајќи трактори на веб-страница со слично име, а потоа, како што рече, „накратко ги отворил страниците, иако не требало да го направи тоа“.

„Но, мојот криминал е што по втор пат отидов на истите страници, но овој пат со умисла. Тоа го направив додека го чекав гласањето во просториите за расправа во парламентот.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски