31-годишниот Дерек Медина од Мајами, откако ја убил својата сопруга, на Фејсбук, покрај објаснувањето зошто го сторил тоа, објавил и слика од мртвото тело на жената.
„Одам во затвор или ќе ме осудат на смрт, затоа што ја убив сопругата. Ве сакам, ќе ми недостигате, чувајте се сите. Наскоро ќе ме видите и во вестите. Сопругата ме тепаше. Едноставно не можев повеќе да го издржам нејзиното малтретирање и затоа го направив тоа што го направив. Се надевам ќе ме разберете“, напиша Медина.
Полицијата го уапсила Медина неколку часа по убиството, а фотографијата од неговата сопруга Џенифер е избришана од Фејсбук.