СДСМ: Скандалозно, градоначалниците на Гевгелија и Штип злоупотребуваат општински ресурси за да му прават ќеиф на Мицкоски

Од:

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да ги партизираат општините со кои раководат и се однесуваат расипнички со парите на граѓаните. Последен доказ за тоа е „позајмувањето“ на цистерна од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од општина Гевгелија на општина Штип“, соопштува СДСМ.

„Скандалозно, возилото од Гевгелија било испратено за Штип за да ги мие улиците пред посетата на Христијан Мицкоски на овој град.

Ова е класичен пример на злоупотреба на општински ресурси за партиски цели, за која одговорност треба да понесат градоначалникот на општина Гевгелија и директорот на комуналното претпријатие.

Наместо да работат за граѓаните, градоначалниците на општините Гевгелија и Штип, како и многу други, работат единствено за интересите и ќеифот на Мицкоски.

Изминуваат првите шест месеци од мандатот а градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо за граѓаните.

Партиски вработувања, расипничко трошење на општинските буџети, тоа се досегашните резултати на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, затоа тие се најголемото разочарување за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?