Во Софија се одржа митинг за поддршка на Украина

Од:

Голем број луѓе се собраа на марш за воена помош и солидарност со Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Бројни бугарски интелектуалци, писатели, јавни личности, припадници на украинската дијаспора и бегалци од Украина се собраа пред зградата на претседателската администрација, веејќи бугарски, украински и европски знамиња и транспаренти за поддршка на борбата на Украина против руската агресија.

На мирниот протест беа кренати транспаренти: „Радев – оставка! Нинова – оставка! Борисов – затвор!“,„ Митрофанова, надвор“,„ Целосно ембарго на крвавиот руски гас“,„ Румен Радев = проруски сепаратист“,„ГАЗ си ја трие главата“. Украинците носеа и плакат „Спаси ја војската од Азовстал“. Говорниците го повикаа бугарскиот парламент на 4 мај да донесе одлука за обезбедување воена помош за Украина.

Цецка Бачкова, една од лидерите на Демократите за силна Бугарија, дел од владејачката коалиција во земјата, ги повика сите присутни да отидат во бугарското Народно собрание на 4 мај за да побараат одлука за бугарската воена помош за Украина.

Меѓу говорниците беше и еден од лидерите на руската опозиција, Генадиј Гудков, поранешен пратеник во руската Дума, кој зборуваше против агресијата на Кремљ во Украина. Тој рече дека многу Руси не ги поддржуваат постапките на претседателот Владимир Путин и рече дека Русија не е Путин и дека Путин не може да ја претставува слободна Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он