Одлуката за генерален штрајк на СОНК ја ставаме во мирување, се додека не се реши спорот, изјави Јаким Неделков на денешната прес конференција.
„Доколку не се усогласиме со ставовите со Министерството за образование и наука, уверувам дека штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде“, изјави Неделков.
Тој вели дека одлуката за мирување на штрајкот е донесена во согласност со законот и не очекува дека ќе има спротивставување на одлуката.
„Животот не учи на се, па и на вакво мирно решавање на спорови да биде практика. Можеби е ова задоцнето, можеби можело и пред штрајкот да се примени оваа опција. Ова е едно животно искуство за нас синдикалците. Власта од аспект на власт веројатно и повеќе ги знае законите, па го искористи ова право за решавање на спорот“, изјави Неделков.
Согласно оваа одлука, учениците од утре се враќаат на училиште.