Белата куќа предлага запленетиот имот на руските олигарси да се пренамени за помош на Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден бара од Конгресот нови овластувања за запленување и пренамена на имотот на руските олигарси, како дел од новите мерки за помош на украинската одбрана.

Според американски медиуми, Бајден формално денеска ќе побара милијарди долари дополнителни трошоци што ќе бидат наменети за снабдување на војската на Украина, зајакнување на нејзината економија и поддршка за милионите бегалци кои ја напуштија земјата поради руската инвазија. Тој, исто така, ќе бара од Конгресот и интензивирање на санкциите кон руската Влада.

Бајден, исто така, ќе побара од Конгресот да дозволи федералната Влада да ги користи приходите од продажбата на запленетите средства на санкционираните руски олигарси за да му помогне на народот на Украина.

Во виртуелното обраќање до лидерите на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика приходите од санкционираниот имот и резервите на Централната банка да се искористат за компензација на загубите на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски