Денеска во 12.20 часот во село Долно Соње, општина Сопиште, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К.(26) од Скопје, информира МВР.
Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
