Неколку илјади луѓе на Сицилија во изминатата ноќ протестираа против изградбата на нова воена база на САД во реонот на градот Нишеми.
Демонстрантите се судрија со полицијата која употреби солзавец. Дел од демонстрантите успеаја да влезат во објектот каде се гради радарска станица.
Органзиаторите тврдат дека протестирале најмалку пет илјади луѓе.
Пред две недели Владата во автономната област Сицилија одлучи да прекине изградбата на објектот откако медицинско истражување покажа дека електромагнетните бранови од радарот влијаат штетно врз здравјето на луѓево во реонот.