Кина вложува во Европа во фабрики за батерии и за електрична мобилност

Од:

Кинеските инвестиции годинава се фокусирани на нови проекти, посебно во производството на батерии и електричната мобилност, покажуваат резултатите од студијата на американската истражувачка група „Родиум“ и германскиот институт „Мерсис“.

Минатата година кинеските инвестиции во Европа се зголемија за една третина, на 10,6 милијарди евра, додека во 2020, првата година од пандемијата, тие беа на најниско ниво од 2013 година.

Заедно со Холандија, во 2021 година Кинезите најмногу инвестирале во Германија, Велика Британија и Франција.

Во студијата се посочува дека кинеските компании сега сакаат да градат свои фабрики во Европа, особено во секторите за кои сметаат дека имаат конкурентна предност, како што се производството на батерии и развојот на електричната мобилност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина: Егзекутирана жена затоа што продала 17 деца, меѓу кои и сопствениот син

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски