Заменикот-претседател на Советот на министри на БиХ и министер за финансии и трезор, Вјекослав Беванда, и директорката на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во БиХ, Мануела Несл денеска потпишаа три договори за грантови. во вредност од околу 48 милиони евра.
На церемонијата на потпишување во име на донаторите присуствуваа специјалниот претставник на ЕУ за БиХ и шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ Јохан Сатлер и шведската амбасадорка во БиХ Јохана Стромквист, соопшти Министерството за финансии и трезор на БиХ.
Беванда изјави дека се потпишани три договори кои ќе обезбедат грантови од ЕУ за два проекти на коридорот „Пет-ц“, како и од шведската влада за еден проект за заштита на животната средина во Живинце.
Првиот договор што го потпишавме се однесува на изградбата на автопатот Поприкуша – Немила, со кој се обезбедени 36.074.000 евра неповратни средства од фондовите на Европската Унија, потенцираше Бевенда. Според него, вториот договор се однесува на доделување грантови од ЕУ во износ од 9.180.000 евра за изградба на околу два километри од автопатската делница во тунелот Иван кон Коњиќ. Третиот договор се однесува на грант од 2,5 милиони евра што го доделуваат ЕБОР и шведската влада за изградба на депонија во Живинице.
Извор: МИА