Кандидатката на австралиската анти-имиграциско ориентирана партија Една нација, Стефани Банистер се откажа од изборната трка заради гаф кој го направи зборувајќи за исламот како за држава.
Банистер (27) во кампањата за избори во септември во државата Квинсленд, учествуваше само 48 часа – додека на ТВ мрежата Севен не изјави дека „не се противи на исламот како држава, но неговите закони не требало да бидат добредојдени во Австралија“.
Таа додаде дека само два отсто од Австралијанците го почитуваат „харам“, мислејќи на Куранот.
Банистер во интервју за таа телевизија ја поддржа еврејската кошер храна бидејќи „Евреите не се под харам туку имаат сопствена религија која го следи Исус Христос“.