СОНК најави продолжување на генералениот штрајк на своето членство поради нивните барања за усогласување на платите во просветниот сектор со минималната плата.
– До овој момент немаме вземен договор со ресорните министри. Очекуваме потврда за работна средба во текот на попладневните часови, има таков сигнал, дека попладне ќе се сретнеме во Владата. Нашето очекување е дека во интерес на учениците, во интерес на децата во детските градинки, во интерес на родителите и колегите кои штрајкуваат, во интерес на Република Македонија, Владата да смогне сили, да изнајде начин и средства, да ги договориме оние побарувања кои што СОНК ги има доставено, во однос на зголемување на минималната плата на национално ниво, продолжување на преговорите за потпишување на колективните договори во основно, средно образование и детски градинки и секако договор за динамика за пораст на платите во овие дејности за 2023 и 2024 година, рече претеседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Тој се надева дека до вечер ќе има добри резултати, но доколку немаат договор најверојатно и текот на утрешниот ден ќе биде под знакот на штрајкот.