Разговорите на високи претставници на САД и Русија во Вашингтон беа позитивни и прагматични, изјави неименуван извор на американската администрација.
Министрите за одбрана на двете држави Чак Хејгел и Сергеј Лавров разговараа еден час во петокот што беше нивна прва средба.
– Се договорија да продолжат воените вежби на двете армии, како и да се воведе директна врска со видео линк за да бидат во постојан контакт, додал изворот.
Функционер од администрацијата на САД запознат со разговорите, изјави дека државниот секретар Џон Кери изразил разочарување со одлуката на Русија да одобри азил за Едвард Сноуден, но за тоа не станало многу збор бидејќи двете страни сметаат тоа прашање да им се препушти на надлежните правосудни и полициски органи.
Медиумите претходно најавија дека ќе стане збор и за сириската криза и нуклеарната програма на Иран. Кери и Хејгел беа домаќини на колегите од Русија Лавров и Шојгу за разговори и прашања за безбедноста во формат два-плус-два.