Приведен крадец во Карпош, веднаш откако украл златен ланец од жена

Од:

Вчера попладне, во 16.00 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, извести МВР.

– Имено, истиот ден околу 15.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош пријавениот малолетник на оштетената и одзел златен ланец од вратот. Со малолетникот бил извршен службен разговор од полициски службеници од малолетничка деликвенција. Од страна на оштетената пријавениот малолетник бил препознаен како сторител на кривичното дело. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР