Во ноќен клуб во Виница затекнати малолетници, неиздавање фискални сметки…

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип на 24 април спроведоа заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница, информира МВР.

– При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца. Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он