Денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р.(25), со живеалиште во Скопје, и С.Р.(25) од Скопје, извести МВР.
Притоа, Р.Р. се барал за издржување на казна затвор од 3 години за извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236, додека С.Р. за издржување на затворска казна во времетраење од 2 години во врска со кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Двете лица се приведени во полициска станица и ќе бидат спроведени во казнено-поправна установа за издржување на казните.
