Бериша пред заминување одлучи да увезува отпад

Од:

Албанската Влада во заминување донесе одлука за увоз на отпад од Грција и од Италија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во одлуката стои дека Владата на Албанија дозволува увоз на 600 тони отпад од Грција и околу 2.000 тони отпад од Италија. Од Грција ќе се увезува отпад од полиетилен со цел негово рециклирање, додека од Италија отпад од гас, челик, цинк, олово, железо, пластика и друго.

Владата ги авторизира фирмите „Пластика-Албанија“ и „В.А.Л.Е. Ресајклинг“ за увоз на отпад и негова рециклажа. Шефот на државата Бујар Нишани на почетокот на април потпиша указ со кој 22. декември го одреди како датум за одржување на референдумот, на кој албанските граѓани треба да се произнесат дали во Албанија треба да се увезува отпад за рециклирање.

Преку референдумот, инициран од Алијансата против увоз на отпад, треба да се избришат член 22 точка 3 и член 49 од Законот за интегрирано менаџирање со отпад, усвоен од страна на Парламент, но само со гласовите на владејачкото мнозинство, на 22 септември 2011.

Алијансата барањето до Централната изборна комсија го стави кон крајот на 2011, а таа го прифати во јуни 2012 година. Асоцијацијата смета дека „дозволата за увоз на отпад за рециклирање е во спротивност со националната стратегија за стабилен развој и за развој на туризмот, кој е прогласен како приоритет од страна на Владата“.

Таа споменува и низа причини поради кои ваквиот увоз е опасен и покрај тоа што Владата гарантира дека Албанија располага со сите капацитети за контрола на граничните премини.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски