ВМРО-ДПМНЕ: Тачи и Бранко се со ист морал

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавената соработка на ДПА на Мендух Тачи со опозицискиот фронт.

„Со оглед на тоа што се си кажале меѓу себе Мендух Тачи и Бранко Црвенковски, а врз база на принципот за коалиција со Љубчо Георгиевски слободно можеме да констатираме дека ова е коалицијата во која што апсолутно не важат кажаните зборови. Оттука сосема природно и очекувано луѓето кој што меѓу себе се навредуваа, се напаѓаа, се омаловажуваа денес тие стануваат најдобри соработници.

Тоа е така заради тоа што тие споделуваат исти вредности и ист морал, за нив во политиката нема принцип, нема правила, нема достоинство и не важи кажаниот збор.

Заради нивното потценувачко однесување кон граѓаните повеќе од сигурни сме дека ќе бидат казнети и убедливо ќе ги изгубат наредните избори“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ