Русинот Дмитриј Агарков од Вороњеж ја надмудри банката служејќи се со банкарски методи, така што ги сменил ситните букви од договорот за користење на кредитна картичка и си го намалил долгот, а сега бара и отштета од повеќе од 900.000 долари.
Агарков во 2008 година ја прифатил понудата за кредитна картичка од „Тинкоф кредит системс“, но не бил задоволен од понудените услови и одлучил да ги смени ситните букви во договорот што банката му го испратила.
Во измените тој дефинирал камата од нула отсто без надомест и додал дека купувачот не е должен да ги плати надоместот и трошоците предвидени со правилникот на банката.
Изменетиот и потпишан договор го испратил во банка, кој бил потпишан и од страна на „Тинкоф кредит системс“ и му била испратена картичка. Две години подоцна банката одлучила да му ја откаже картичката поради долг од околу 1.360 долари.
Судот одлучил во корист на Агарков и морал да врати само 575 долари. Неговиот адвокат одбраната ја засновал на фактот дека банката потпишала документ што не го прочитала.
Но, Агарков одлучи да ја тужи банката бараќи отштета од 727.000 долари поради непридржување на одредбите и договорот и уште 182.000 долари поради едностраното раскинување на договор.
Рочиштето по неговата тужба треба да биде во септември.