А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Град Скопје: На плоштадот „Македонија“ нема да се враќа старата коцка

by А1он09/08/2013 - 17:0109/08/2013 - 17:02133
Share0

„Со оглед на изнесените шпекулации во одредени медиуми, Град Скопје сака да појасни дека на плоштадот „Македонија“ нема да се враќа старата и отстранета коцка, туку при реконструкцијата ќе биде поставена комплетно нова коцка.

Добивај вести на вибер

– Новата коцка ќе биде изработена од мермер со димензии 5х5 сантиметри, со црна и бела боја и ќе се употреби за изработка на мозаикот, како што може да се забележи од објавените фотографии со идејното решение за предвидениот проект за изградба на современа фонтана на плоштадот Македонија и реконструкција на плоштадот.

– Станува збор за изградба на современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки,  кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15×15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана.

– За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата Пресвета Богородица. На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот Македонија, ќе биде поставена комплетно нова коцка.

– На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите,  клупите и кантите за отпадоци“, велат од Град Скопје.

skopje

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен