Американската полиција застрела маж кој влезе во резиденцијата на амбасадорот на Перу

Од:

Човекот кој упадна во комплексот на резиденијата на амбасадорот на Перу во Вашингтон и ги искрши прозорците со железна шипка е убиен од припадници на американската Тајна служба, соопшти полицијата.

Началникот на полицијата во Вашингтон, Роберт Конти, објави дека амбасадорот Освалдо де Риверо и неговата сопруга биле во резиденцијата кога непознат маж почнал да ги крши прозорците утрото.

Била повикана полиција и на лице место пристигнале униформирани службеници на Тајната служба, што ја штити Белата куќа и амбасадите во главниот град на САД.

Тие се обиделе да го запрат мажот, но тоа не успеало, а потоа го застрелале човекот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата