Вучиќ до американските сенатори: „Отворен Балкан“ е пример за успешна регионална соработка

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со американските сенатори од Одборот за надворешни работи, Крис Марфи и Џин Шејхин, како и со сенаторот од Одборот за вооружени сили, Том Тилис, со кои разговараше за билатералната соработка, европската интеграција на Србија, ситуацијата во регионот, енергетиката и кризата во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

-Зборувајќи за ситуацијата во регионот, претседателот Вучиќ истакна дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и на Република Српска во рамките на БиХ. Тој додаде дека за Србија е од клучен интерес да ја зачува стабилноста во регионот и да ја зајакне соработката во сите области, особено во областа на економијата, бидејќи само таков регион овозможува одржлив развој на самата Србија. Во таа насока, претседателот Вучиќ како пример за успешна регионална соработка ја наведе Иницијативата „Отворен Балкан“ која има за цел натамошен развој на регионот и подигање на животниот стандард на сите негови граѓани, се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател.

Во него се додава дека „по повод кризата во Украина, претседателот Вучиќ ја истакна посветеноста на Србија за почитување на принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и политичката независност на државите, за што сведочи гласањето на Република Србија во Генералното собрание на ОН и другите меѓународни тела“.

За време на разговорите со американските сенатори, претседателот Вучиќ се заблагодари на Вашингтон за континуираната поддршка на патот на Србија кон полноправно членство во ЕУ.

-Тоа е една од нашите приоритетни надворешнополитички цели и стратешка определба на Србија, изјави Вучиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

Вучиќ изнесе пет барања на собирот „Нема да ја дадеме Србија“

А1он

Вучиќ: Нивната обоена револуција заврши – не можете да му ја скршите кичмата на српскиот народ

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Благодарам Србија!

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани