Намален бројот на издадени одобренија за градење

Од:

Во јуни годинава се издадени 180 одобренија за градење, што е за 27,7 проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.507.972.000 денари, што е за 83,1 процент помалку во однос на јуни минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 (77,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 14 (7,8 проценти) за нискоградба и 27 (15 проценти) за објекти за реконструкција. Од вкупно 180 објекти, кај 139 (77,2 проценти)  инвеститори се физички лица, а на 41 објект (22,8 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 199 станови, со вкупна корисна површина од 20.451 метар квадратен.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски