„Хил“: Бајден на Обама му соопштил дека ќе се кандидира за втор мандат

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден му кажал на поранешниот претседател Барак Обама дека планира по вторпат да се кандидира за претседател на САД, на изборите во 2024, јави „Хил“, повикувајќи се на свои извори.

„Тоа е последната индикација, дека Бајден планира да се кандидира за втор мандат“, пишува весникот.

На прес-конференција во Брисел во март, актуелниот претседател веќе зборуваше за неговите планови повторно да се бори за Белата куќа.

„Бајден сака да се кандидира и очигледно сака да се увери дека сите го знаат тоа“, кажа изворот.

Тој кажа дека Бајден останува демократскиот кандидат кој има најголеми шанси да го победи поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој биде номиниран од Републиканската партија.

„Тој верува дека е единствениот кој може да го победи Трамп“, изјави извор запознаен со содржината на разговорот Бајден-Обама.

Белата куќа одби да го коментира текстот, пишува весникот, а советникот на Бајден додаде дека самиот претседател јавно изјавил дека планира да се кандидира за втор мандат.

Весникот наведува дека плановите на Бајден да се кандидира за реизбор може да бидат спречени само поради неговиот низок рејтинг. Според неодамнешната анкета на Си-Ен-Би-Си само 38 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден како претседател, а 53 отсто не ја одобруваат. Исто така, само 35 отсто од испитаниците ја одобруваат неговата економска политика.

„Покрај бурните политички проблеми и нискиот рејтинг, и возраста на Бајден предизвикува дополнителни прашања“, пишува весникот.

Бајден во моментов има 79 години и на почетокот на вториот мандат, доколку победи на изборите во 2024 годинба, ќе наполни 82 години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски