Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци

Од:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 32-годишниот О.И. од Студеничани, скопско, вработен на работно место референт матичар во Управа за водење на матични книги, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” од чл.149 ст.1 вв ст.3 и Д.К.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” од чл.149 ст.1. в.в.чл.45 од Кривичниот законик, информира МВР.

– Првопријавениот, во текот на април 2021 година, без поднесено барање и без согласност издадена од мајката, како законски застапник на малолетно лице, изготвил и со свој потпис и печат на Управата за матични книги, заверил Извод од матична книга на родени и изготвениот извод му го дал на второпријавениот, кој бил неовластено лице да располага со таквиот извод. Второпријавениот, неовластено и спротивно на закон, во два наврата го искористил изводот, односно личните податоци на малолетното лице. Тој го употребил во постапка пред Министерството за правда, Управа за водење на матични книги и во поднесена тужба од негова страна пред суд против оштетената мајка, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он