Американскиот претседател Џо Бајден планира денеска да одржи разговор со сојузниците околу украинската криза.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден, преку видео повик, со сојузници и партнери ќе разговара за континуирана поддршка за Украина, како и за напорите Русија да се прогласи за одговорна.
Медиуми пишуваат дека на средбата ќе дебатираат лидери на Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Италија, Полска, Романија, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, но и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски. Но, Бајден планира да одржи состанок со сојузниците, во врска со украинската криза, соопшти Белата куќа во текот на вчерашниот ден.
Извор: МИА