Повредени двајца полицајци при обид да се ограби фирма во Бразил

Од:

Вооружени лица утрово предизвикаа страв кај населението во јужниот бразилски град Гуарапуава, при обид да ограбат фирма за обезбедување, јави Би-Би-Си.

Жители пријавија пукање со пиштол, а објавени се и видеа, каде се гледа како граѓани се користени како човечки штитови, додека вооружените лица бегаат.

Повредени се двајца полицајци.

Големите грабежи на банки од тешко вооружени банди во Бразил, станаа сè почести и сè понасилни изминативе години, пишува Би-Би-Си.

Засега нема информации дали крадците успеале да си заминат со пари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата