Кривична пријава за сопружници – измамници од Дебар

Од:

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, информира МВР.

– Пријавените сопружници, во периодот од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати. Пријавените, исто така, ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса до едно финансиско друштво поднеле онлајн апликација за добивање брз кредит, по што парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка, соопшти МВР.

Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР