Контроли во казина во Гевгелија, констатирани низа неправилности

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во соработка СВР Струмица и Управата за јавни приходи вчера извршиле контрола во повеќе казина и автомат клубови на подрачјето на Гевгелија, информира МВР.

– Од извршената контрола, од страна на УЈП во четири објекти биле констатирани неправилности во однос на водење книга за благајна, неистакнати правила за игра на јавно место, нередовно водење сметководствени книги и неправилности во книгите за дневен промет. Исто така, во едно казино дневниот промет не бил пријавен подолг период, додека во друго казино бил пронајден покер апарат со спорен сериски број, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари