Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со триумфот од 2:1 во 3.коло против Денис Истомин избори пласман меѓу најдобрите осум на Мастерсот во Монтреал.
Првиот сет со 6:2 го освои Истомин, а следните два со 6:4 му припаднаа на Ѓоковиќ.
Негов ривал во четвртфиналето ќе му биде Ришар Гаске, кој истотака со 2:1 во сетови го победи Кеи Нишкори.
Енди Мареј и Томаш Бердих ги завршија настапите во 3. коло на Мастерс турнирот во Монтреал.
Вториот носител Енди Мареј загуби од Летонецот Ернест Гулбис со 2:0 во сетови, додека петтиот носител Томаш Бердих загуби од домашниот тенисер Вашек Поспишил со 2:1 во сетови.
Во неизвесен меч Рафаел Надал успеа да го победи Полјакот Јиржи Јанович со 2:0 во сетови и во четвртфиналето ќе игра со Маринко Матошевиќ од Австралија, кој со 2:1 го победи Беноа Пер.
Изненадување направи и домашниот тенисер Милош Раониќ со победата од 2:0 над Хуан Мартин Дел Потро.
Пласман во четвртфиналето избори и Николја Давиденко.