Петмина повредени во пожар во Калифорнија

Од:

Илјада пожарникари се вклучени во борбата со огнената стихија која се шири источно од Лос Анџелес во Калифорнија, јавуваат американски медиуми.

Пет луѓе се повредени, а 1.800 се приморани да ги напуштат домовите. Во пожарот во кој е зафатена површина од 4.000 хектари, повредени се четири пожарникари и еден цивил, соопшти пожарникарската служба од округот Риверсајд.

Во градот Бенинг, 150 км. источно од Лос Анџелес уништени се 15 објекти. Во гаснењето на пожарот вклучени се 13 хеликоптери и шест авиони. Досега е запрено ширење на само 10 отсто од пожарот. Не е утврдена причината за пожарот.

Гаснењето е отежнато поради високите температури, ниската влажност и силниот ветар, се додава во
извештаите на американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас